Првите објавени фотографии од „Најдобар фотограф на дивиот свет“ ги прикажуваат некои од највозбудливите моменти во природата.

Од ракун на Форд Пинто од 1970-тите години на напуштена фарма во Канада, до бебто нилски коњ, кое трагично го носат во неговтаа смрт, фотографиите не се срамат од суровата реалност со која се соочуваат животните во дивината.

Соочени со повеќе од 48.000 записи од околу 100 земји, судиите неодамна излегоа со првата група на „Високо пофални“ фотографии во широк спектар на категории.

Една фотографија од категоријата „Однесување: на цицачи“ покажува осамен машки гепард, кој се спротивставува на чопор африкански диви кучиња. Фотографот Питер Хејгарт ги следел кучињата преку возило во КваЗулу-Натал, Јужна Африка, кога наишле на големата мачка.

Друга фотографија исто така од категоријата Однесување: на цицачи, го зароби моментот кога пингвин Генту – најбрзиот подводен пливач од сите пингвини, трча за да си го спаси животот од леопард-фоката.

Можеби највознемирувачката фотографија е направена од Адријан Хирши, која прикажува бебе нилски коњ во вилиците на смртта. Бебето се движело заедно со својата мајка, кога машки нилски коњ го зграбил.

Еве уште фотографии кои сами по себе раскажуваат неверојатни приказни за природата.

Сподели на Facebook
пати видено