Човек кој поради својата тежина мораше да ја напушти работата, изгуби импресивни 228 килограми и претрпе неверојатна трансформација.

Стјуарт Проснер тежеше 349 килограми на „врвот“ на неговите проблеми со тежината и вели дека тоа го принудило да се пензионира порано бидејќи тежината му ја оневозможувала работата како полициски наредник. Пред драстично да ја намали тежината Стјуард пател од депресија и дури размислувал и да си го одземе животот.

Стјуарт секој ден се борел да стане од креветот, така што неговиот живот станал неподнослив. Откако се повлекол од работа често ја посетувал болницата поради рани на стомакот.

Не можејќи да ја издржи сопствената телесна тежина, биле потребни 12 членови од болничкиот персонал да го пренесат во амбулантно возило кое ќе го однесе до болницата. Последен пат му било дијагностицирано откажување на органите.

Додека бил во болницата и му ги соопштиле вестите дека доколку продолжи со стариот режим ќе му откажат сите органи, Стјуарт разговарал со психолог кој му кажал дека се „самоповредува“ со храна и дека има начин да се извлече од тоа. Бидејќи е сопруг и татко на три деца, човекот сакал повотрно да ужива во животот затоа се решил драстично да си го промени.

Со помош на правилна исхрана и вежби, тој изгубил скоро 230 килограми и сега тежи скоро 100 килограми, но планира сѐ уште да ја регулира и оваа тежина.

Сподели на Facebook
пати видено