Во кампањата „Злосторството нема пол“, Европол ги крие лицата на бегалците кои се бараат во 21 европска земја зад неонски маски на нивната веб-страница, пред полека да ги открие нивните идентитети додека посетителите се движат низ оваа страница.

Меѓу нив се 17 жени кои се осудени или обвинети за кривични дела, вклучително убиство, трговија со луѓе, трговија со дрога и сериозна измама од 1996 година.

Ангелина

Ангелина Саџука (30) ја бара Латвиската полиција за убиство и тешка телесна повреда, откако таа и соучесникот ја прободеле и ја удрале жената до смрт, пред да го сокријат телото под лисјата.

Ивета

Исто така, меѓу најбараните жени е и Ивета Танчошова (52), која ја бара Чешката полиција откако измамила млада девојка во Англија под изговор дека ќе работи како медицинска сестра во 2001 година, а всушност станувало збор за трговија со луѓе.

Џесика

Џесика Едосоман, нигериска државјанка, која избегала откако полицијата извршила рација за проституција во Лион во 2007 година, ја бараат француските власти. Таа под своја контрола имала околу 60 проститутки кои биле шверцувани во Франција преку Либија со ветување за подобра иднина кога ќе пристигнат. Џесика им правела „вуду магии“ и им кажувала дека семејствата им се во голема опасност ако не прават како што ќе каже таа.

Кристи

Кристи Амберг ја бара полицијата во Естонија за купување и продажба на „големи количини“ наркотици помеѓу јули и септември 2017 година.

Адилет

Адилет Шакиргазиева е барана во Малта за серија вооружени грабежи што се случиле во станови низ целата земја во 2015 година. За неа и четворица мажи се вели дека провалиле во домови и украле накит и пари.

Рената

Рената Лоринк ја бараат словачките власти, откако таа извршила неовластени повлекувања на пари во име на нејзините клиенти во банката каде што работела.

Зорка

Зорка Рогиќ полицијата ја бара во Хрватска за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции и оружје, муниција и експлозиви.

Меланија

Меланија Штропник ја бараат од Словенија откако таа „заведе и измами“ маж да ѝ даде 188.042 евра во готово.

Елена

Елена Пузиревич ја бараат од Шпанија за трговија со луѓе откако намами две руски девојчиња во проституција во еден клуб во Касерес. Едно од девојчињата скокнало низ прозорецот за да се обиде да избега, и била хоспитализирана поради нејзините повреди.

Радина

Радина Станчева била осудена на пет години затвор во Бугарија во 2018 година за серија измами што ги направила меѓу 2010 и 2011 година. Полицијата соопшти дека таа дејствувала како неофицијален брокер и користела фалсификувани лични документи.

Дорота

Полската државјанка Дорота Кашјерска била осудена на 25 години затвор, откако во јануари 2008 година го застрелала сопругот во главата со огнено оружје Валтер П99.

Илдик

Илдик Дадус ја бара унгарската полиција за трговија со дрога и злоупотреба на малолетничка.

Хилд

Хилд Ван Акер била осудена на доживотен затвор во 2011 година за убиството на Британецот Марк Џон Мичел во Белгија во 1996 г.

Елизабет

Елизабет Дизон Хонрада ја бараат од Холандија откако во 2003 година двапати увезела кокаин во земјата.

Елизабет Гертруд

Елизабет Гертруд Скаритс ја бараат од Австрија за наводна измама со недвижнини и изнајмување што предизвикало загуба од 4,3 милиони евра меѓу 2005 и 2008 година. Прекршоците, наводно, биле извршени додека работела како управен директор на компанија за управување со имот.

Моника

Моника Рафаелова ја бараат од Шведска, откако повеќепати извршила влошени кражби против постари жени во продавниците за храна и трговските центри.

Илдико

Илдико Ендерле ја бара романската полиција, откако таа регрутирала млади девојки со ветување за работа во Германија, пред да ги пренесе во Чешка и да ги присили во проституција.

Сподели на Facebook
пати видено