Четири неидентификувани летачки објекти биле снимени со камера над главниот град на Чиле пред Божиќ. Едно од видеата, кое било снимено од страна на локална жена и нејзиното семејство, ги прикажува четирите објекти како во формација се надвиснуваат над висока зграда. Вториот клип е снимен од друг сведок, кој го снимил истиот спектакл од друг агол, и на него појасно се гледаат летачките објекти.

Снимките поттикнале жестока дебата, при што некои сметаат дека едноставно се работи за дронови или некој друг вид на конвенционално летало. Досега не е прифатено дефинитивно објаснување за оваа појава.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено