Студент од Кина смислил креативен начин како да се справи со чадот од цигарите на неговите цимери. Младиот човек од градот Нанинг, провинцијата Гуангкси Жуанг смислил апарат кој ќе внесува свеж воздух во неговата соба која ја дели со неговите цимери пушачи. Постирал слики а социјалните мрежи при што многу луѓе ја пофалиле неговата креативност, и ја истакнале потребата луѓето да престанат да пушат во студентските домови.

Еден корисник вели; „Пушачите навистина би требало да почнат да мислат на другите. При запишувањето на факултет, студентите би требало да пополнуваат формулар за да се види кој пуши, а кој не и да се сместуваат врз основа на тоа.“

Според статистиките, повеќе од 740 милиони Кинези се изложени на пасивно пушење.

p01 p02 p03 p04

Сподели на Facebook
пати видено