Што правите со вашето слободно време? Играте видео игри? Читате? Пишувате?

Сите имаме нешта со кои си го исполнуваме слободното време – некој мал проект кој не одржува активни кога нема што друго да се прави. Оваа градба во Франција е можеби најинтересниот и најинтригантен резултат кој произлегол од човечко хоби. Се работи за „Идеалната палата“ и била изградена од поштенскиот работник со име Фердинанд Шевал.

При крајот на 19. век, додека ги разнесувал своите пратки, поштарот Фердинанд Шевал налетал на невообичаена карпа која му оставила впелаток со својот необичен изглед и го вдахновила за еден невообичаен проект. Тој наумил да си изгради палата каква што немал никој, нарекувајќи ја „Совршена палата“. Секој ден додека ги извршувал своите работни обврски, тој собирал камења кои се вклопувале во неговата замисла. Проектот го работел главно ноќе, осветлувајќи со лампа.

После 33 години на трпеливо и упорно работење во своите седумдесетти години, Шевал ја завршил неговата “Palais idéal” и ја отворил за очите на јавноста. Во 1969 година ова неверојатно архитектонско дело-доказ за човечката истрајност и желба да се надмине себеси било прогласено за културно обележје на Франција заштитено со закон. Фердинанд Шевал изградил и гробница во сличен стил, во која биле положени неговите посмртни останки во 1924 г.

pal01

pal02

pal03

pal04

pal05

pal06

pal07

pal08

pal09

pal10

pal11

Сподели на Facebook
пати видено