Конгресот на САД инсистира НАСА да создаде прототип на модул за живеење длабоко во вселената најдоцна до крајот на 2018 година. Се чини дека се забрзува напредувањето на проектот за човечка мисија на Марс, благодарение на решението на владата на САД да го зголеми фондот на НАСА за 1.3 милијарди долари со цел да помогне во развивањето на хабитациски модул кој би употребувал за идните мисии длабоко во вселената.

Во средината на декември, директорот на ИСС на НАСА, Сем Шимеми, најави планови за тестирање на таков модул во средината на следната деценија, но изгледа дека тоа ќе се забрза откако конгресот побара сѐ да се заврши – вклучително и прототипот на модулот – во текот на следните две години.

Како еден од најкритичните делови од идната мисија на Марс, модулот ќе им овозможи на астронаутите да преживеат и да им биде удобно за врене на долготрајните вселенски патувања. Првичното тестирање веројатно ќе се случи во земјината орбита со што астронаутите кои ќе живеат во модулот ќе проценат дали тој е одржлив многу пред да се спроведат мисиите во длабоката вселена.

“Воодушевени сме што Конгресот го превзеде водството“, изјави Мајк Голд, директор на компанијата Бигелоу Аероспејс.

mars

Сподели на Facebook
пати видено