Денеска бев на интервју во една трговска фирма.
Менаџерот за човечки ресурси ми даде еден лаптоп и ми рече:
– Ајде, обидете се да ми го продадете!
Јас го зедов лаптопот, излегов со него од канцеларијата, а потоа и од зградата. По неколку минути, кога веќе ја поминав и улицата, ми ѕвони телефонот. Менаџерот беше и врескаше хистерично:
– Копиле, веднаш да ми го вратиш лаптопот!
– Нема проблем. Денеска имаме специјална промоција! Само 300 евра и ваш е…

Сподели на Facebook
пати видено