Овие запрепастувачки слики прикажуваат еден преполн автомобилски отпад, кадешто милиони луксузни коли се оставени од нивните богати сопственици и превземени од плевел и трева. На ова мало паркиралиште во Ченгду, Кина има најмалку два „Бентли“ автомобили, два Ленд Ровери, три Мерцедес Бенз и понекој скап моторцикл, и сите имаат едно нешто заедничко – напуштени се од своите сопственици. Тука се оставени над двеста автомобили, при што најскапите чинат најмалку 380 500 евра. Повеќето од автомобилите на еден или друг начин се поврзани со криминал, и тоа е причината поради која сопствениците не можат да си ги земат. Некои пак биле  подготвени за рециклирање, но нивните сопственици ја немале целосната потребна документација за нив. За дел од автомобилите е распишано наддавање, но постојано пристигнуваат нови и нови луксузни коли.

kl01 kl02 kl03 kl04 kl5 kl6 kl7 kl8

Сподели на Facebook
пати видено