Мистеријата зад пораката „Господе помогни ѝ на Русија“, која се појави на Google maps и стана позната на интернет, е разоткриена од страна на нејзиниот автор.

Се испостави дека фразата е очаен крик на локален жител, кој е уморен од борбата со еколошките проблеми на неговиот мал град.

Пред три години, 55-годишниот Андреј Финоченко ја ископал пораката „Путин спаси ја Сходнја“. Тоа требало да го привлече внимание на рускиот претседател за изградба на станбен комплекс на територијата.

Според мислењето на Финоченко, местото требало да стане специјално заштитено подрачје, бидејќи таму постојат чисти извори и мочуришта, чие уништување би влијаело на еколошката ситуација во областа.

Пораката „Господе помогни ѝ на Русија“ била ископана пред една година. Андреј ја копал секој ден после работа. Секоја буква е долга околу 6 метри, широка 1 метар и длабока скоро 1 метар. Тој се грижел за натписот секој ден бидејќи не знаел кога ќе помине сателитеот за да го забележи.

Ако овој чин на активистот не им го привлече вниманието на властите Финоченко нема да го повтори по трет пат. Сега, неговата главна цел е да ги одгледа своите шест деца.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено