Дали можете да си замислите голем град – како Њујорк или Париз – без еден единствен автомобил на улиците? Тешко е да се замисли тоа, но на 27-ми септември тоа ќе биде реалност во Париз.

Како што известува Форбс, движењето наречено „Париз без автомобил“ дваесет и четири часа нема да дозволува никакви возила да се движат по париските улици. За сметка на тоа, луѓето ќе можат слободно да се шетаат и да присуствуваат на музички фестивали и други настани планирани за тој ден.

fr01

Ова е првпат во историјата на градот да се организира ваков настан. Градското собрание тоа го нарекува „луда замисла, но остварлива“. Иако нема да се дозволува движење на моторизирани возила на улиците, возилата за итни случаи, како на пример амбулантните возила се секако искучок.

Градоначалникот на Париз, Ана Хидалго, објави во март:

„Париз ќе биде целосно трансформиран во времетраење од еден ден. Ова ќе биде можност за парижани и туристите да уживаат во градот без врева, загадување, па според тоа и без стрес.“

fr02

Франција е пример за грижа за околината во повеќе погледи. Минатата година земјата им забрани на продавниците намерно да фрлаат храна, а набргу потоа се поведе иницијатива тој закон да се примени на глобално ниво.

Сподели на Facebook
пати видено