Многу необичен инцидент се случи во рускиот град Карасук, кога двајца криминалци влегле во такси возило, му ставиле јаже околу вратот на таксистот и го задавиле.

Кога таксистот престанал да дава знаци на живот, криминалците на брзина го ставиле во багажникот и му го украле возилото.

По некое време, таксистот се освестил, бидејќи не бил мртов, туку само онесвестен. Кога осетил дека возилото застанало на семафор, со помош на посебно копче го отворил багажникот и излегол надвор без криминалците да го забележат.

Го запрел првото возило што дошло и почнале да ги следат криминалците. Додека ги следеле, се јавиле во полиција и им давале информации на полицајците каде се движат киднаперите. По кратко време полицајците ги запреле и ги уапсиле двајца та натрапници, двајцата родени 1992 година.

Таксистот сега е во болница, затоа што очите му крвареле и имал повреди на вратот, но ќе се опорави.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено