Длабоко под улиците на Сиднеј лежи една мрачна тајна која поминува незабележана од илјадници патници секој ден. Додека луѓето смирено го чекаат својот превоз на Централната станица, не ни помислуваат што се крие во земјата под нив.

Платформите 26 и 27, на станицата, биле изградени во 1970-тите на местото на старите гробишта на Девоншир стрит. Телата кои лежеле во гробовите биле префрлени на други гробишта низ градот, но работниците што неодамна ја проверуваа неискористената платформа известиле за некои морничави случувања во мрачното и правливо подземје.

Официјални претставници на „Сиднеј железници“ објавиле дека слушаат гласови кои се одѕиваат од ѕидовите, па дури и звуци на децата што се играат. Самиот директор, Тони Еид, исто така, тврди дека слушнал гласови на децата за време на посетата на тунелите што никогаш не биле користени.

Тој изјавил: „Работниците велат дека тука слушнале деца како се играат. Мислејќи дека се вандали оделе да испитаат, но не пронашле ништо. Во една прилика бев тука со радиот екипа и сите слушнавме деца како се играат. сфатете ме како сакате, но сите го слушнавме тоа.“

Покрај призрачното минато на станицата, тоа е исто така и местото на повеќе материјални историски настани како битката кај Централната станица, каде што војниците што бунтувале против војската биле вклучени во престрелка со вооружените воени стражари.

Сиднеј нуди тури во мрачните лавиринти во станицата каде што презентираат вработени од австралиското железничко историско друштво и персоналот на Сиднеј железници.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено