Оваа фатална приказна започнува во 1963 година, кога близначките Џун и Џенифер се родиле во Барбадос. Познати како „Тивките близначки“, двете разговараат исклучиво меѓу себе. Токму така, тие не разговарале со никого, апсолутно со никого!

„Тивките близначки“ создаваат свој јазик, преку кој комуницираат и на тој начин се оддалечуваат од своите пријатели, роднини, наставници и соученици. Конечно нивната врска ги доведува до патот на очајот. Тие се сакаат и мразат истовремено, со огромна страст и на крајот едната од нив умира, за да може другата да води нормален начин на живот.

Набргу по раѓањето на двете девојки, нивното семејство се преселило во градот Хаверфордвест, кој се наоѓа во југозападниот дел на Велс. Растејќи, близначките се единствените црнкињи во нивната околина и често биле исмевани на училиште. Ова води до психички трауми кај девојчињата и тие не комуницирале со другите.

Токму поради нивното одбивање да разговараат со други луѓе, девојките биле прегледани од мноштво терапевти, но никој од овие професионалци не успева да ги натера да разговараат. За да им помогнат, психолозите решаваат да ги разделат и семејството ги испраќа близначките во различни интернати, но како резултат на тоа разделување двете стануваат уште позатворени во себе.

Кога лекарите ја забележуваат промената кај Џун и Џенифер, тие предлагаат нивните родители да ги спојат повторно. Следните години девојките ги поминуваат во изолација. Во своите дневници, тие ја опишуваат мрачната страна на нивната необична врска. Џун пишува: „Никој не страда како што страдам јас, не и со својата сестра. Со сопруг – да, со сопруга – да, со дете – да, но мојата сестра – оваа темна сенка која ме држи подалеку од сончевата светлина, е моето единствено мачење“.

Подоцна близначките одлучиле да станат писателки, но нивните книгу не биле продавани и тие биле разочарани. Откако не станале познати писателки Џун и Џенифер се свртеле кон криминалниот живот. Направиле неколку ситни кражби, се обиделе да се задават една со друга, па дури и да запалат зграда. На крајот се соочуваат во судот под обвинение за подметнување пожар. Судијата одлучил дека девојките страдаат од ментална болест и се испратени во психијатриска клиника. Двете девојки биле мистерија за лекарите во болницата. Тие се менувале на ден за да јадат, еден ден јадела едната од нив, додека другата гладувала. Тие биле сместени во различни простории на спротивни краеви на болницата, но медицинските сестри често ги наоѓале „замрзнати“ во истата чудна положба во текот на денот и цела ноќ.

За време на престојот во клиниката близначките одлучуваат дека за да може една од нив да води нормален живот, другата мора да умре. По долги разговори, тие се согласуваат дека Џенифер мора да биде жртвата. Во март 1993 година, лекарите одлучиле да ги пренесат близнаците во друга клиника, а пред тоа новинарката Марџори Валас успеала да направи кратко интервју со нив. Тогаш Џенифер вели: „Марџори, Марџори, ќе морам да умрам“. На прашањето: „Зошто?“ Таа мирно одговара: „Затоа што решивме така“.

На патот кон другата клиника Џенифер лежела во скутот на Џун со отворени очи. Кога пристигнале, Џенифер била прогласена за мртва од лекарите. Подоцна тие соопштиле дека смртта е предизвикана од ненадејно воспаление на срцето. При аутопсијата не се пронајдени траги од лекови или отров, а вистинската причина за нејзината смрт останува мистерија.

Неколку дена подоцна Марџори посетила Џун. Тогаш близначка изјавила: „Конечно сум слободна и конечно Џенифер се откажа од својот живот заради мене“.
На надгробниот споменик на Џенифер е испишана песна, напишана од Џун:

“Некогаш бевме две.
Двете правевме едно.
Веќе не сме две.
Во животот биди една.
Почивај во мир.“

По смртта на нејзината сестра Џун почнала да се однесува нормално и да разговара со луѓето. Повеќе немала потреба од психијатарски надзор и била добро прифатена од околината. Во моментов води скромен живот и живее со своите родители во западен Велс.

Иако никој не знае ништо за чудниот и мистериозен свет на близначките Гибонс, извадок од дневникот на Џенифер ја покажува омразата една кон друга. Таа пишува: „Станавме смртни непријатели една за друга. Чувствуваме иритирачки и смртоносни зраци кои доаѓаат надвор од нашите тела и удираат во другата. Се прашувам – може ли да се ослободам од сопствената сенка – возможно или невозможно е тоа? Без мојата сенка дали ќе умрам или ќе се ослободам? Без мојата сенка, која за мене е лицето на страдањето, илузијата и убиството.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено