Тешко дека некој е подготвен да чува крава како милениче и да ги чисти лепешките по неа, но петгодишната ѕвезда на видео клипот подолу воопшто не мисли така. Ја пуштила кравата внатре во куќата и си ужива е се гали со новото милениче. Нејзината мајка, Јутјуб корисник со корисничкото име Били Џо Декер ја снимила додека си игра со своето ново пријателче.

Ова е невин клип од нашиот живот и умот на петгодишно дете… коешто не видело ништо лошо во тоа да ја пушти кравата в куќи…и покрај општото верување дека тоа не се прави… Немаме намера да промовираме било што… освен љубов и милост..Можете да го разберете ова како сакате. Ние едноставно споделивме смешна случка од нашиот живот. Мојата ќерка многу ги сака животните и има дарба да комуницира со секакво животно, како што се гледа во клипот.

Сподели на Facebook
пати видено