Дали некогаш Ви кажале дека Вашето дете е разгалено? ако одговорот е „Да“ тогаш не сте сами, во анкета спроведена од Parents magazine 42% од испитаниците признале дека нивното дете е разгалено, а 80% се согласиле дека разгалувањето негативно ќе влијае врз децата и кога ќе станат ворзасни. Можеби даваме премногу. Дали е предоцна? Можат ли родителите да ги „одразгалат“ децата?

Можно е, вели д-р Мишел Борба, едукативен психолог и најпродаваниот автор на “UnSelfie:Why Empathetic Kids Succeed in Our All-About-Me World.“ Таа објаснува како да препознаете кога Вашето дете е разгалено и како да го „одразгалите“.

Иако е лесно да препознаете кога некое дете е разгалено, потешко е тоа да го препознаете кај сопственото. Мишел нуди тест си 4 збора, со кои ќе препознаете дали детето е разгалено:

НЕ– Дали Вашето дете премногу бурно реагира кога ќе му кажете НЕ? Разгалените деца не сакаат одбивање.

ЈАС– Дали Вашето дете мисли дека светот се врти околу него? Разгалените деца размислуваат само за себе, а не и за останатите.

ДАЈ МИ– Дали Вашето дете е алчно и тешко ги задоволувате неговите потреби? Разгалеите деца повеќе сакаат да земаат отколку да даваат.

ВЕДНАШ– Дали Вашето дете нема трпение? Разгалените деца не сакаат да чекаат и сакаат се и веднаш.

5 начини како да се справите со разгаленото дете

1. Престанете да се извинувате

Во ред е да се извините ако по грешка сте стапнале на ногата на детето или по грешка сте го фрлиле цртежот по ликовно, но не е во ред да се извинувате доколку почнало да паѓа дожд и пикникот е откажан. Наместо тоа покажете емпатија кон Вашето дете и неговата тага. Доколку го научите дека работите не одат како што тие сакаат во животот децата ќе бидат помалку разгалени.

2. Учете ги на емпатија

Децата кои се сочувствителни, можат да разберат од каде доаѓаат други луѓе, бидејќи можат да се стават во чевлите на друга личност и да го чувствуваат она што го чувствуваат останатите. Мишел предлага пример за тоа како би можеле да ги мотивирате децата да бидат емпатични: „Дали го виде лицето на Кели додека се игравте денес? Изгледаше загрижено. Можеби треба да оразговараш со неа.“

3. Не толерирајте себичност

Вие треба да го смените Вашето однесување за да се смени однесувањето на детето. Поставете нови правила и секогаш кога ќе забележите дека детето се однесува себично директно посочете го тоа и бидете гласни и јасни.

4. Учете ги децата на трпение

Трпението е многу важно за децата и постојат повеќе начини да ги научите на трпение во завистност од возраста. Доколку се работи за мало дете тогаш инсистирајте првин да почека сите да испеат песничка за среќен роденден пред да добие од тортата или пак доколку се работи за тинејџер, почекајте одреден период пред да му ја купите работата за која „умира“ да ја поседува.

5. Не попуштајте на нивните изливи на лутина

Дебатирање за семејните правила со Вашите деца е бесмислено. Вие одлучувате за семејните правила и едноставно ќе им ги посочите кои се тие. Не дозволувајте им да лелекаат, да се муртат и да покажуваат бес. Ова е тешко за родителите кои сакаат да бидат најдобри пријатели со своите деца.

Сподели на Facebook
пати видено