Анар Агакишев е талентиран шминкер и стилист од Азербејџан. Тој редовно отстранува и по неколку децении од лицата на своите клинети, со неговата способност да ги отстрани брчките, линиите и темните кругови, дури и од лицата на неговите највозрасни клиенти. Сега Анар ги покажува своите способности по социјалните мрежи, а две од неговите клиентки имаат по 80 години.

Иако многумина го обвинуваат дека ги фотошопира своите фотографии, тој инсистира дека не го прави тоа и редовно објавува видеа како ги шминка клиентите за да докаже дека станува збор за вистинска трансформација. Идејата за да почне да работи на вакви транформации му дошла кога шминкал една 60-годишна пријателка за свадба. За да направи една ваква транформација потребни му се околу 2 часа.

Откако станал многу успешен со помош на социјалните мрежи, Анар бил инспириран да започне нов проект со 12 жени во текот на 2017 година – по една за секој месец – каде што прикажува слики од нивните драматични трансформации. Неговата менаџерка Конул Сеидова вели: „Тој е многу амбициозна личност и секогаш бара предизвик. Тој сака да ги направи да изгледаат најмалку 10 години помлади.“

Сподели на Facebook
пати видено