На прв поглед, се чини дека овие фотографии не се ништо друго освен прекрасни африкански пејсажи. Но, ако погледнете малку повнимателно, ќе видите леопард кој демне меѓу лисјата.

Сликата е направена во африканските грмушки во Ндуту, Танзанија, и на неа се гледа како леопардот се камуфлира помеѓу лисјата на едно дрво, речиси незабележлив, освен ако немате исклучително остар вид. Двете слики се направени од страна на рускиот фотограф Јулија Сундукова, којашто во земјата дошла да ја документира миграцијата на дивите животни.

lp01

36-годишната Јулија вели: „Беше доста забавно да се набљудува ова, како најитрата мачка седна во птичјо гнездо. Вообичаено не се трудиме да следиме леопарди и лавови наоколу, но се најдовме таму кога леопардот седеше високо на дрво, сосема невообичаено за леопардите.“ Погледнете внимателнона сликата. Можете ли да го видите?

lp02 lp03 lp04

Леопардот не е единствената мачка на којашто ѝ е својствено совршено да се стопи со својата средина, станувајќи речиси незабележива. Тоа го можат и домашните мачки.

lp05

lp06

lp08 lp07

Сподели на Facebook
пати видено