Потрагата по вонземен живот во нашата галаксија е разновидна колку што е разновиден и самиот универзум. НАСА вели дека сме поблиску до откривањето на вонземјани отколку што било когаш сме биле, но тоа е сѐ што се знае во врска со потрагата, сега за сега.

Љубопитноста раѓа истражување

vn01

Идејата дека некаде може да постои друга форма на интелегентен живот некаде во универзумот отсекогаш ги интригирала луѓето, но науката не се нафати официјално да истражува на ова поле сѐ до 1960 година. Астрономот и астрофизичар по име Френк Дрејк го употребил радио телескопот во Грин Банк за да го скенира небото во потрага по евентуални вонземни сигнали. Неговата првична љубопитност најпосле довела до создавањето на Дрејковата равенка, математички аргумент со помош на кој се проценува бројот на вонземјански цивилизации кои би можеле да постојат во вселената. Подоцна, организација наречена Потрага по вонземна интелегенција ќе го продолжи истражувањето.

Потрагата почнува

vn02

Најпрвин, научниците тргнале да ја пребаруваат галаксијата барајќи планети кои наликуваат на Земјата, со вода, кислород и други елеметни неопходни за опстојување на човечки живот. Дури и на оваа планета, научниците откриле „екстремофили“ коишто можат да преживеат во екстремно неповолни услови како врела вода или смрзнувачки температури. Сосема е можно нашите интергалактички соседи да можат да живеат на сосема различен биолошки принцип од нашиот и во животна средина сосема целосно различна од таа на Земјата.

Првиот „контакт“

жvn04

Првиот „контакт“ со вонземен живот се случил во 1977 кога радио сигнал триесет пати посилен од вселенскиот шум бил забележан од страна на телескопот Големо Уво во Државниот универзитет на Охајо. Таканаречениот „WOW“ сигнал ја пренел секвенцата „6EQUJ5“ од област во северозападниот дел од соѕвездието Стрелец. Пред појавувањето на сигналот, научниците претпоставувале дека вонземјаните можеби комуницираат со помош на хемиски фреквенции, како тие на водородот, најзастапениот елемент во универзумот. Сигналот од седумдесет и две секунди се совпаднал со фреквенција која е во согласност со водородот, што ги навело научниците да шпекулираат дека алфанумеричката секвенца можеби е порака од вонземјанска цивилизација.

Како ќе комуницираме

vn05

Мистеријата на WOW! сигналот покренала важно прашање за научниците: ако или кога ќе откриеме вонземен живот, како би комуницирале со тие суштества? За да ни помогне во тој поглед, во 2014 НАСА објавила водич со некои предлози. Според агенцијата, би требало да употребуваме примитивни, симболични средства како карпеста уметност, за да пренесеме пораки. Но, тоа не мора да значи дека вонземните суштества би можеле да разговараат со звуци, како што тоа го правиме ние.

Обиди за контакт

vn07

Јазичните бариери не ги спречиле научниците да се обидуваат да комуницираат со други животни форми. Еден од најпознатите обиди е пораката од Аресибо, упатена од радио телескоп во Порторико до ѕвезденото јато М13, во 1974 година. Френк Дрејк и Карл Саган употребиле радио бранови и бинарен код за да испорачаат слики на човек, ДНК и бројки до растојание на светлосни години оддалеченост. Со текот на годините, следувале сѐ повеќе праки, вклучувајќи и плакета на Пионер 10 и 11, две грамофонски плочи прицврстени на вселенските сонди Војаџер и неколку космички повици направени од русите во доцните деведесетти години.

Микробиолошки живот

vn08

И покрај нашите силни напори да воспоставиме комуникација со галаксијата, сосема е можно вонземната раса да не биде интелегентна. Животот на другите планети би можел да се состои од немислечки микробиолошки организми, слично како животот на Земјата пред 3.8 милијарди години. Тие микроби можеби се во процес на формирање на повеќеклеточни организми и на крајот до интелегентни суштества, но исто така би можеле да се наоѓаат и во обратен процес на враќање од сложени, повеќеклеточни организми во едноклеточни. И во двата случаи, од тие организми не би требало наскоро да очекуваме одговор на нашите пораки.

Аленовата телескопска низа

vn09

Од првите пребарувања на Дрејк во шеесеттите, научниците продолжиле да бараат вонземјани со истражувањето на далечни ѕвездени системи. Со завршувањето Аленовата телескопска низа (Allen Telescope Array) би можела да им помогне на истражувачите да ја проучуваат галаксијата со многу побрзи чекори. Во споредба со SETI (search for extraterrestrial intelligence – потрага по вонземен живот) нљ кој му биле потребни 50 години за да се истражат околу 1000 ѕвездени системи, телексопската низа би можела да пребара 1000 ѕвездени системи во тек на неколку години. По пуштањето во употреба во 2007 година, телескопот примил стотици милиони сигнали, од кои ниту еден не е од вонземјани.

НАСА повторно се сосредоточува на потрагата по вонземен живот

vn10

Оваа година, НАСА објави дека во теконт на следните неколку децении повторно ќе ги сосредоточи своите напори во потрагата по вонземен живот, со создавањето на Научен тим за истражување на егзопланетни системи. Овој тим ќе вклучи научници од повеќе научни полиња со цел да се проучат и разберат егзопланетите. Со помош на систематски пристап, ќе биде создадена еден вид на планетарна периодична табела со која ќе систематизира можноста за развој на живот во далечната вселена. Новата група исто така ќе работи на развивањето на нова технологија, како Џејмс Вебовиот вселенски телескоп.

Планети на кои би можело да има живот

вn03

Научниците веќе идентификувале неколку планети на кои би можело да се одржува живот, или на кои можеби имало живот во минатото. НАСА планира до 2022 да прати мисија на Европа, месечина на Јупитер за да ја испита водената пареа којашто испарува од нејзиниот јужен регион. Астрономите исто така го откриле постоењето на „братучетка“ на Земјата, планетата наречена Кеплер 186f, на која би можел да се развие живот како овде, на Земјата. Севкупно земено, до сега се откриени две милијарди планети кои имаат потенцијал за развој на живот, при што најблиската до нас е оддалечена 12 светлосни години.

Но, можеби и воопшто не треба да бараме

вн06

Со тоа што луѓето се на чекор до откривањето на други животни форми, некои експерти мислат дека би требало да се држиме подалеку од вонземјаните. Во документарен филм на Дискавери во врска со можноста за интелегентен живот надвор од нашата планета, космологот Стивен Хокинг го изедначи можното пристигање на вонземјани на Земјата со пристигнувањето на Кристофор Колумбо во Америка. Како што истакнува тој, „тоа не излезе баш најдобро за домородните Американци.“ Критичарите на Хокинг велат дека сепак сѐ уште не би требало да очекуваме војна на ѕвездите. Ако вонземјаните сакале да не освојат, можеле да го сторат тоа пред многу години, бидејќи ние не сме биле нешто срамежливи во врска со нашето присуство.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено