Според грчкиот филозоф Платон, Атлантида се сметала за континент лоциран во средината на Атлантикот, населена со многу напредна и просперитетна цивилизација.

Според легендата жителите на Атлантида повеќе не им биле од корист на боговите и целиот остров бил потопен.

Теориите во реалниот свет сугерираат дека ако Атлантида постоела, можела да биде потопена од цунами, одржлив период на вулканизам или некоја друга античка катастрофа.

Меѓутоа, неодамна, необичниот островски град Нан Мадол, кој се наоѓа на илјадници километри оддалечен од било кое друго место, во средината на Пацификот, го привлекува вниманието на ловците на Атлантида. Мистериознит град кој датира од пред околу 2.000 години се состои од неколку делови одделени со плимни канали и е заштитен од океанот со серија од 12 морски ѕидини. Нивото на експертиза изложена во неговата конструкција, како и неговата специфична локација, веќе со години ги збунува научниците.

„Сега изгледа дека Нан Мадол претставува прв населен остров во историјата на Пацификот. Според мене, кога бил на неговиот врв Нан Мадол бил главен град. Тој бил седиштето на политичката власт, центарот на најважните верски ритуали и местото каде што поранешните шефови на островот биле погребани.“, вели Марк Мекој од Методистичкиот Универзитет во Јужен Тексас.

Името Нан Мадол во превод значи „просторот помеѓу“ и се однесува на вештачките канали кои го делат островот. Оригиналното име на градот е Соун Нан-ленг што значи „гребен на рајот“. Елитниот центар бил посебно место на живеење на благородништвото и свештениците. Населението речиси сигурно не надминувало 1.000, а можеби било и половина од тоа. На островот нема вода за пиење и храна, но очигледно тоа не ги сречувало луѓето да живеат тука.

Освен што голем број на истражувачи го сметаат Нан Мадол за Атлантида, тој уште се нарекува и „Пацифичка Венеција“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено