Ребека Андерсон поседувала приватна градинка во својот дом во Тексас. Еден татко се посомневал во 60-годишната жена, поради чудното однесување на неговиот 6-месечен син и решил да постави камера на неговото детско седиште за во автомобил. Она што го видел ги потврдило неговите стравови и снимката ја однел во полиција.

На снимките се гледало како жената-монструм насилно го вади бебето од седиштето и му дава некоја супстанца преку пластичен шприц. Исто така на видеото се гледало како го удира по лицето со неговото лигавче. Кога полицијата ја пребарала куќата во петокот, нашле три деца во нивните седишта во плакарот во нејзината спална соба и уште едно во главната бања.

Децата имале врски за чевли околу вратот, кои морале да бидат исечени, а Ребека им кажала дека го направила тоа за да го ограничи движењето на децата. Кога ја прашале колку деца има во куќата таа ги излажала и им кажала дека има само пет, иако веднаш потоа полицијата пронашла уште четири деца.

Андерсон признала дека „понекогаш“ ги врзувала децата во нивните седишта за во автомобил и по седум часа и признала дека на сите им давала парацетамол. Полицијата соопштила дека им го давала во „непотребни дози“ кои можеби ги изложиле на ризик децата.

Ребека Андерсон е обвинета за 9 точки за загрозување на деца и моментално е во притвор. Полицијата сѐ уште работи на случајот да пронајде уште родители кои што ги оставале своите деца кај монструозната негувателка.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено