Лиу од Кина најмил негувателка за неговата 86-годишна мајка, бидејќи неговиот 90-годишен, татко повеќе не можел да се грижи за неа. Мајката на Лиу, Танг, била дијагностицирана со намалување на мозокот пред три години и има потреба од 24-часовна нега.

Негувателката Циу била ангажирана во септември минатата година бидејќи таткото на Лиу не бил задоволен од претходната негувателка. Нејзината плата изнесувала околу 600 евра месечно. Една од ќерките на Танг изјавила дека Циу им изгледала „чесна“ и „добро се однесувала“.

Но, пред неколку дена Лиу седел на работа и решил да ги провери безбедносните камери во куќата преку мобилниот телефон кои пренесувале во живо. Тогаш тој се шокирал. Циу брутално ја малтретирала неговата мајка. Тој веднаш се упатил кон куќата на неговите родители и кога ги здогледал повредите на неговата мајка повикал полиција.

Кога почнале да ги истражуваат и старите снимки од безбедносните камери забележале дека Циу ја малтретирала старицата најмалку 8 пати.

Нечовечната негувателка била уапсена и сега може да се соочи со казна затвор од најмалку 3 години.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено