Тим Стефенс, од Ајдахо, објавил видео за да ги предупреди локалните жители за питачот пред Волмарт. Тој вели дека го забележал питачот пред излезот на Волмарт во инвалидска количка и со превез на окото, а држел и знак на кој пишувало „Маринци на САД, благодарам и Господ да ве благослови“.

Она што го запрепастило Тим било кога тој се паркирал на паркингот за неговите внуци да си ја изедат храната. Во тој момент забележал како бел автомобил влегува на паркингот, а човекот во инвалидска количка се доближил до автомобилот. Возачот на автомобилот излегол си земал „знак за питачење“ и седнал на истото место каде што бил претходниот питач.

Питачот во инвалидска количка, станал и си ја спакувал количката, а исто така си го извадил превезот од окото, за да може подобро да ги изброи парите кои му ги дале луѓето. Кога Тим видел дека неговиот скут е полн со пари решил да се соочи со него.

„Го прашав дали е зафатен со броење на парите кои ги украл од луѓето. Тој ме погледна без превез и со двете очи. Со насмевка ми рече: ‘Секоја паричка’. Тој имаше среќа што моите внуци беа со мене.“, вели Тим.

Сподели на Facebook
пати видено