Во видеото е прикажан моментот кога постар пар повторно е обединет по 4 години одвоеност. „Еј што правиш тука“, ѝ вели сопругот на сопругата која лежи во болнички кревет. Таа веднаш понува да се смее и не и се верува дека нејзиниот сопруг е тука. Потоа сопругот доаѓа до неа и ја бакнува.

„Ми недостасуваш“, вели жената. „Ти недостасував?“, одговара мажот. Исто така тој и вели дека изгледа добро, а таа му одговара дека го чекала. Според внуката на парот тие имаат по 90 години и се во брак 71 година. Таа вели дека поради тоа што здравствената сосотојба на нејзината баба се влошила, а нејзиниот татко кој се грижел за нејзиниот дедо починал од рак, парот останал разделен.

Имињата на сопружниците не се откриени, но средбата се случила во Калифорнија, САД. Отсега, според нивната внука тие ќе бидат сместени во иста установа, за да можат последните денови од животот да го поминат заедно. Внуката додава дека иако нејзиниот дедо има деменција, тој се сеќава на својата сопруга и често раскажува за неа.

Сподели на Facebook
пати видено