Ова е чудесниот миг кога полицаец херој си го ризикувал животот за да спаси жена која сакала да се убие скокајќи од мост во смрзнувачки студената вода.

Полицаецот Фаб Ахмед ја забележал жената како седи на работ на мост во Кингстон, југозападен Лондон, по што клекнал и почнал да ѝ зборува преку тесниот процеп. Се обидел да воспостави контакт со неа и да ја разубеди, но иако таа решила да скокне, тој успеал да ја фати. Но, тежината на жената го повлекла и него кон реката.

pc01

Неговите колеги Мат Миџли и Анабел Рејнер, потпомогнати од пожарникар кој само што завршил со справувањето со инцидент во близина, успеале да ги извлечат него и жената на безбедно. Полицаецот Ахмед раскажува: „Низ главата ми минуваше што е следното што ќе го сторам. Знаев дека ми претстои голема борба за сопствениот живот, како и да дадам сѐ од себе да ѝ помогнам на жената кога и двајцата ќе се најдеме во водата. Во тој миг почувствував како некој ме зграпчи за глуждовите токму кога ја минував точката од која нема враќање. Ова спречи јас и жената да го продолжиме нашиот пад кон реката“.

pc02

Клер Моксон, управител на Метрополитен полицијата изјавила: „Крајно сум горд на бескрајната храброст и одважност која моите полицајци ја покажале таа ноќ на мостот. Сите вклучени во инцидентот ги демонстрирале основните вредности на Метрополитен полицијата. Ја имам таа чест и горда сум кога ќе кажам дека се дел од мојот тим.“

  pc03 pc04 pc05

Сподели на Facebook
пати видено