Осум годишниот Мехди Хасан од Бангладеш има ретка болест која кожата му ја претвора во камен. Поради оваа негова состојба отежнато му е движењето и допирот, а луѓето од неговото село вклучувајќи ја и баба му не сакаат да имаат било каков контакт со него. Но среќата му се насмевна на Мехди и тој почна да закрепнува. Ова е чудесен факт од причина што им е кажано дека неговата болест е неизлечива.

Причина за закрепнувањето на Мехди се третманите кои што почнал да ги добива, а за кои платила добротворна организација. Сега еден месец од неговите третмани Мехди може повторно да се игра со своите омилени играчки, но и самостојно да јаде. Неговата мајка Јаханара Бегум вели “Откако веста за мојот син се рашири ни пристапија луѓе од добротворна организација кои го финансираа лекувањето на мојот син во болница. Го гледам мојот син без осип и плускавици, чувството е одлично”.

Името на неговата болест е Епидермолитична Хиперкератоза, а третманите вклучуваат витамински терапии и посебен вид на хидратација на кожата. Од оваа болест боледуваат околу 200.000 луѓе во светот и иако има ефикасни третмани лекот е сеуште непознат. Јаханара се надева дека со подбрување на состојбата на Мехди ќе се подобрат и неговите односи со луѓето и можноста за нормално детство.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено