Џејс Хајдман, 7-годишно момче од Западен Лотиан, испратило писмо преку кралската пошта до својот татко. Но, оваа писмо не било обично, бидејќи неговиот татко починал, а истото било адресирано до „рајот“.

Иако никој не се надевал дека некој ќе обрне внимание на скршеното срце на оваа мало момче, од Кралската Пошта покажале дека сѐ уште има надеж за човештвото.

Од Кралската Пошта му пратиле на момчето повратно писмо во кое му напишале дека неговото писмо пратено до татко му Џејмс во рајот успеало да стигне до „дестинацијата“ и покрај „макотрпното“ патување.

Неговата мајка Тери Копленд изјавила: „Не можам да опишам колку беше емотивен кога дозна дека татку му го примил писмото. Кралската Пошта штотуку ја врати мојата верба во човештвото.“

Како одговор на писмото испратено од Џејс до рајот, Шон Милиган од Кралската пошта одговорил: „Само сакав да ја искористам оваа прилика да ве контактирам за тоа како успеавме во испораката на вашето писмо, до вашиот татко на небото…Ова беше тежок предизвик, избегнувајќи ги ѕвездите и другите галактички објекти на пат кон небото… Ќе продолжам да правам сѐ што можам за да осигурам безбедна испорака до рајот.“

Џејс и неговата 10-годишна сестра Нејв секоја година го одбележуваат роденденот на нивниот татко, откако починал во 2014 година.

Г-ѓа Копленд вели: „Тој беше пресреќен и постојано велеше: ‘Татко ми навистина го добил моето писмо мамо’. Јас секогаш им кажував на Џејс и на Нејв дека доколку не можат да испратат подарок дека е убаво да испратат картичка за Божиќ или роденден. Сакам луѓето да сфатат дека мал гест на љубезност може да има такво фантастично влијание врз нечиј живот.“

Сподели на Facebook
пати видено