12-годишното момче кое стана познато во светот затоа што имаше 190 килограми на само 10-годишна возраст, ја изгуби титулата за „најдебелото момче“ во светот, откако изгуби речиси половина од неговата тежина.

Арија Пермана, од Караванг во Западна Јава, Индонезија, беше толку морбидно дебел, што мереше истото како шест момчиња на негова возраст, се бореше да оди подолго од пет минути и го поминуваше поголемиот дел од денот во лежење.

Минатиот април тој стана најмладата личност која што била подложена на пет-часовна операција на желудникот која била наменета да го спречи да се прејаде до смрт.

Помалку од две години подоцна и откако докторите од болницата Омни во Џакарта отстранија голем дел од стомакот, Арија конечно успеа да се врати во училиште откако загуби доволно тежина за да може да се движи.

„Го изгубив апетитот, сега дури и шест лажици храна ме заситуваат. Можам да играм фудбал, тенис, бадминтон, и што е најважно, секој ден можам да одам на училиште.“, вели Арија. Неговата училишна униформа требаше да биде нарачана и користи посебна биро и стол за да може удобно да седи за време на часовите.

Редовното вежбање и јадење повеќе овошје и зеленчук сега е дел од рутината на 12-годишното момче. Тој јаде здраво, шета по шеесет минути на секои неколку часа, крева тегови и плива секој ден. Пред операцијата живеел на дневна исхрана од пет оброци дневно, пржено пилешко, ориз, тестенини и чоколаден сладолед.

Неговата мајка вели дека е најмногу виновна: „Жалам, бидејќи тоа е моја вина. Јас не контролирав колку го хранам. Продолжував да го хранам Арија затоа што го сакам моето дете.“

Инспириран од губењето на тежината, Арија има за цел да изгуби уште 50 килограми: „Јас сум исклучително воодушевен. Не можам да ја изразам мојата среќа со зборови. Се чувствувам одлично што се вратив во училиште. Сите ме сакаат тука. Наставниците се однесуваат убаво. Јас запознав многу пријатели и тие се многу добри со мене. Исто така, можам да си играм со нив. Тоа е толку многу забавно.“

Сподели на Facebook
пати видено