Студентските забави можат да бидат вистински тест за било која двојка, но сите знаат дека основата за успешна врска на растојание е довербата помеѓу двајцата партнери. Но, се чини дека на еден млад вљубен човек му недостасува доверба кога станува збор за неговата девојка. Имено, снимка од порака на едно момче кон неговата девојка стана хит на социјалните медиуми поради нејзината наметлива природа.

im01

„Без момчиња, без пиење. Те молам да бидеш умна, добро? Знам дека ќе бидеш, да му се не види, но те молам биди умна.“

И потоа продолжува да ѝ објаснува како тој ѝ служел за пример и дека му е тешко да се справи со нејзините друштвени планови. „Ова е навистина тешко за мене, бидејќи јас отсекогаш сум бил неверојатно добра личност и никогаш не сум одел на забава.“

Параноидниот партнер потоа започнува со серија барања, обидувајќи се да ја потсети на неговата „важност“. Тој пишува: „Кога ќе ти пишам порака, треба да ми одговориш. Забавата не е никогаш не може да ти биде поважна од мене. Мисли што правиш. Те молам не прави ништо што ќе нѐ уништи. Знам дека нема да направиш, но потсетување не е на одмет. Околу 9:30 пиши ми порака кога ќе пристигнеш дома.“

im02

И на крај завршува:

„Забавувај се. Многу те сакам. Не знам зошто го дозволувам ова, но како и да е, оди. БЕЗ МОМЧИЊА. БЕЗ ПИЕЊЕ. и те сакам. И има да ми се јавиш вечер и да го дознаам секој детал.“

Сподели на Facebook
пати видено