13-годишниот Рис од Болтон, Ланкашир, се разочарал од животот и ѝ кажал на својата мајка Тања, дека „му е доста од животот“ и дека не сака да продолжи да живее на овој начин. Рис страда од состојба наречена епидермолиза булоса.

Оваа болна состојба предизвикува плускавци и рани на кожата на Рис, па дури и резултирала спојување на неговите прсти. Поради болеста младиот тинејџер не може ниту да се движи и постојано е во завои.

Сепак неговата мајка не сакала нејзиниот син толку рано да се откаже од животот и решила да му докаже дека сепак светот, луѓето и животот можат да бидат добри.

Пред неговиот 14-ти роденден таа решила да ги замоли луѓето на социјалните мрежи да му испратат честитки за роденден на Рис со цел да го расположат. Таа не очекувала дека ќе пристигнат над 3.000 честитки од луѓе од целиот свет.

Оттогаш Тања вели дека Рис е „во неговиот елемент“ и задоволно ги чита честитките со својот најдобар пријател. „Едноставно е лудо. Комбето пристигна денес со работи за Рис и е лудо. Имав илјадници пораки на Фејсбук и луѓе ми доаѓаа на врата. Не знам дали доаѓам или одам, но Рис е во неговиот елемент. Тој е дома да ги отвори картичките со неговиот најдобар пријател. Тој апсолутно го сака тоа. Тој ја отвара секоја картичка и ја чита, а неговиот пријател ги отвара за него.“, вели Тања.

Тања исто така примила и бројни пораки од организации кои сакаат да донесат малку среќа во животот на Рис. „Ова се прошири низ светот. Го имаше на телевизија во Чиле, Тој доби честитка од Катар денес и еден куп од Америка. Само сакам да кажам благодарам. Ова е сè што можам да кажам во моментов, јас сум толку зачудена од сето тоа.“, додава среќната мајка.

Сподели на Facebook
пати видено