Со над 2 милијарди тони ѓубре секоја година кое се наоѓа во морињата и депониите, речиси е невозможно да се најдат приказни за луѓе кои се подготвени да го променат тоа и да го претворат отпадот во нешто вредно. Но едно 23-годишно момче од Бразил го прави токму тоа.

Амарилдо Силва има 23 години и живее во Параба, Бразил. Тој работи како касиер во текот на денот, но она што го привлече вниманието на светот е неговиот едноставен, но сепак вреден придонес кон рециклирањето.

Во своето слободно време, тој ги собира и трансформира отфрлените гуми во еколошки кревети за животни. Со помош на неговото семејство, ја собира секоја гума што може да ја најде на улиците или во депониите. Ги чисти, ги бои и им додава мал кружен душек за да ги направи удобни кревети за миленичиња.

Почнал да ги продава преку Инстаграм и брзо станал познат. Во текот на 2 години Амарилдо продал повеќе од 500 парчиња. Во моментов, тој само испорачува во Бразил, но тој добива нарачки од Европа, Северна Америка и Азија. Она што започнало како начин да обезбеди повеќе средства за неговото семејство, завршило како кретивен еколошки проект.

Идејата имала огромен успех и сега овој занаетчија, исто така, прави саксии и садови за рециклирање. Во своето слободно време, тој се грижи и за напуштените животни, а исто така оди и по училиштата за да ја покрене свесноста кај помладите генерации за заштита на животната средина.

Сподели на Facebook
пати видено