Концептот за за реинкарнација не е непознат. Многу луѓе веруваат во него и многу научници го истражуваат. Сепак за реинкарнацијата се смета дека се одвива на Земјата, но едно момче од Русија го збуни целиот свет така што тврдеше дека во претходниот живот живеел на Марс. Сега тој има 21 година и останува мистерија за светот.

Бориска Кипријановиќ и покрај тоа што никогаш не бил изложен на концептот на туѓи цивилизации од страна на неговите родители, тој постојано зборувал за нив од рана возраст. Исто така знаел да чита и пишува на двегодишна возраст. Но, она што го прави Кипријановиќ навистина извонреден е неговото тврдење дека тој живеел на Марс во минатиот живот. Тој велел дека Црвената планета била опустошена од војна кога живеел таму и понатаму открил дека оваа војна е резултат на нуклеарна катастрофа. Исто така кажал дека Марсовците живеат под земја и се високи 215 сантиметри и дишат јаглероден диоксид наместо кислород.

Сепак, времето на Кипријановиќ на Земјата не било ограничено на неговиот сегашен живот. Тој изјавил дека претходно ја посетил додека работел како пилот на Марс, а посетата била резултат на поврзаноста на Марс со древните Египќани. Вистина е дека научниците уште се мачат да ги откријат тајните на древните Египќани. Оттука Бориска тврди дека Сфингата може да се отклучи со помош на механизам кој се наоѓа зад нејзиното уво. Тој не дал подетални информации за тоа како се направи или што ќе се случи откако ќе се отклучи Сфингата.

„Не, немам страв од смрт, бидејќи живееме вечно.Имаше катастрофа на Марс каде што живеев. Луѓето како нас се уште живеат таму. Имаше нуклеарна војна меѓу нив. Сè изгоре. Само некои од нив преживеаја. Тие изградија засолништа и создадоа ново оружје.“, вели Бориска во видеото кое е снимено кога тој бил дете.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено