Ендру Барнсли пред две години ја изгуби мајка си, Линда, од срцева слабост, па затоа бил шокиран кога пред неколку дена доби порака од Фејсбук преку профил со име, презиме и профилна фотографија од неговата мајка.

Момчето кое работи во кол-центар во Шкотска на Твитер решил да раскаже колку болни умови постојат и каква болна им предизвикала оваа непозната личност.

На момчето му стигнала порака од „неговата мајка“: „Здраво, како сте?“ на што момчето одговорило: “Кој по ѓаволите е тоа?“, на што дрската и болна личност одговорила: „Здраво, Линда е“ Ендру не можел да се воздржи и збеснал од гнев, велејќи дека ваквата порака е умоболна и се прашувал зошто некој би направил профил од неговата почината мајка.

Синот вели дека неговата мајка ми била најдобра пријателка и дека по ваквиот „испад“ му станало уште потешко. 20-годишното момче вели: „Очигледно ме фати неспремен и бев шокиран бидејќи седев со девојка ми и гледавме Нетфликс и одеднаш ми стигна известување дека мојата мајка сака да се поврзе со мене на Фејсбук. Кликнав и ја видов пораката и веднаш се расплакав мислам дека плачев уште два часа во шок и не можев да сфатам зошто некој би направил такво нешто.“

Ендру побарал помош од Твитер за тоа како може да открие кој стои зад профилот. Исто така го пријавил профилот и го пријавил случајот во полиција. Момчето вели дека нема да запре додека не ја открие вистината.

Сподели на Facebook
пати видено