Во филмовите и книгите, има многу приказни за неверојатни состаноци и љубов на прв поглед, иако не секогаш луѓето веруваат дека ова може да им се случи во реалниот живот. Но, неодамна еден човек по име Максим Костин ја објави својата љубовна приказна, по која и тој почнал да верува во моќта на судбината.

Кога Максим имал 14 години, бил љубител на готска музика. Еден ден отишол во продавница за да купи ЦД. Продавачот му го предложил албумот на германската група Silke Bischoff. Оваа група го фасцинирала Максим со нивната чудна музика и уметност. На официјалната страна на групата тој постојано ја гледал истата девојка што ја користеле како модел.

На 19 години тој креирал фан-страна за групата која тогаш била преименувана во 18 Summers. Кога Максим ги гледал нивните концерти, како и фотографија со таа девојка, тој сонувал, размислувал во себе: „Ах, да беше тука ќе ја оженев.“ Но, тогаш овие мисли му изгледале премногу наивни. Откако ја креирал фан-страната, заборавил на бендот некој период.

Кога Максим имал 26 години, во одреден момент се сетил на групата. Решил да види што има интересно за оваа група на Инстаграм повторно ја виде фотографијата на истото девојче. Тој го пронашол нејзиниот профил ѝ ставил лајк и таа му вратила. Максим ѝ ја пратив првата порака „Hello“ и така започнало сѐ.

Секој ден разменувале пораки. На првиот состанок кој бил на Скајп, Максим купил рози и вино. Јулија, тоа е името на девојката од корицата, се дотерала во убав фустан. Почнале да комуницираат во јули, а во октомври таа долетала кај него во Санкт Петербург. Кога Максим ја пречекал на аеродромот, тој веднаш знаел дека сака да биде со неа засекогаш. На четвртиот ден тој ја запросил, а таа прифатила.

По 10 дена девојката се вратила назад, и повторно почнале да комуницираат на растојание. Тие зборувале на англиски јазик, а во процесот на комуникација Максим почнал да учи германски, со цел подобро да ги разбере мислите на Јулија, бидејќи таа не зборувала руски.

Во јануари, тој отишол во Германија и се запознал со нејзиното семејство. Во февруари тие се вратиле заедно во Санкт Петербург и се венчале на Денот на вљубените. Сега Максим и Јулија живеат во Германија.

Светот е полн со судбински средби, љубов на прв поглед и неверојатни настани, а оваа приказна е уште еден доказ за тоа.

Сподели на Facebook
пати видено