Во 2000 година, едно 7-годишно момче од Ајдахо испратило хуманитарен подарок за Божиќ на Филипините. Потребни биле 14 години за оваа случка да се претвори во бајка за вистинската љубов. Онаа што ја гледаме почесто во кино отколку во животот. И да, врз основа на оваа приказна, можат да направат филм.

Но, тоа навистина се случило.

Пред 15 години, малиот Тирел Волф учествувал во добротворни проекти наречени „Операција Божиќно Дете“. Во празна кутија за чевли морало да се стави училиштен прибор, мали играчки и сувенири, како и писмо и фотографија. Волф ја избрал својата фотографија во каубојски костим.

Родителите ја однеле кутијата до црквата, каде што, заедно со другите, била испратена на сиромашно семејство на Филипините. Тирел никогаш не се сетил на ова се додека во 2009 година не му понудила пријателство Џоана Марчан на Фејсбук. Тој не го знаел името, и не ѝ одговорил.

По некое време Џоана повторно му испратила понуда за пријателство, а овој пат Тирел ја прифатил и ја прашал која е. Тогаш девојката му објаснила за кутијата која тој ѝ ја подарил кога таа била дете и му кажала дека му ипратила и писмо за да му се заблагодари, но најверојатно било изгубено. Тирел не можел да се сети дека ова навистина се случило и ја прашал неговата мајка. Мајка му ја потврдила приказната и двајцата млади почнале да се допишуваат.

Наскоро сфатиле дека имаат многу заедничко, а по една година комуникација решиле да се сретнат. Тирел работел на градилиштето и заработил доволно пари за да оди во Манила. Целиот лет, тој бил нервозен: тоа било негово прво патување во странство, покрај тоа, тој никогаш не патувал сам. Џоана го чекала на аеродромот. И двајцата биле прилично возбудени и веднаш сфатиле дека си се допаѓаат еден на друг.

Тирел бил зачуден за околностите во кои живеело семејствто на девојката: во една мала куќа, сите 8 членови на семејството спиеле заедно на подот. Љубовниците поминале 10 дена заедно и се разделиле без да знаат кога ќе видат повторно, тоа било многу тешко за нив. Тирел ѝ рекол на Џоана дека ќе се врати и ќе го исполни своето ветување.

Втората посета на Тирел траела еден месец и била решавачка. Тој ја побарал девојката од нејзиниот татко и тој се согласил, но мајка ѝ не се согласувала затоа што сметала дека на 20 години е премногу млада за брак. Тогаш таткото на Тирел долетал во Манила и помогнал да ја убеди.

Свадбата се одржала на ранчот на родителите на младоженецот. Тирел бил облечен во баронг – традиционална машка свадбена кошула, а невестата носела венец од цвеќе и обичен бел фустан. Родителите на невестата не можеле да присуствуваат на венчавката поради тешкотиите со визата, а сега двојката сонува да го повтори обредот на Филипините – според традицијата на народот на Џоана.

Во 1993 година бил лансиран хуманитарен проект за испраќање на божиќни подароци на сиромашни семејства, и неопходно било да се испратат 113 милиони кутии за чевли до 130 земји, за да на крајот Џоана и Тирел се запознаат. Неодамна, двојката добила прекрасно бебе и тие самите секоја година испраќаат такви подароци во кутии.

Сподели на Facebook
пати видено