Ванг Шубао од Кина доживеал сообраќајна несреќа во 2006 година, кога имал 36 години.

Тој паднал во кома и скоро сите мислеле дека никогаш нема да се разбуди, но една личност не се откажала од него и се грижела за Ванг во изминатите 12 години.

Станува збор за неговата 75-годишна мајка Веи Мингин. Таа повеќе од една деценија работи само за да ги покрие трошоците за лекувањето на нејзиниот син, а исто така има и долг од 14.000 евра. Ванг го видел нејзиното лице, во солзи, кога за прв пат се разбудил по толку години.

Таткото на Ванг починал кога тој бил само дете, така што мајка му отсекогаш се грижела за него сама. Денот на Веи започнува во 5 часот наутро.

Таа го мие лицето на нејзиниот син, го капе, го храни, се грижи за неговите физиолошки потреби, ја менува положбата на неговото тело, гледала како нејзиниот живот поминува во грижа за единствениот син, но никогаш не се пожалила.

Веи изјавила дека еден месец останале без пари и таа не јадела скоро ништо. Додека се грижела за синот старицата изгубила 20 килограми и сега тежи само 30 килограми.

Иако Ванг сѐ уште не може да се движи и да зборува, тој може да ја слушне неговата мајка и да ѝ возврати на насмевката. „Јас сум пресреќна, се надевам дека целосно ќе закрепне. Јас никогаш нема да се откажам од него.“, вели Веи.

Сподели на Facebook
пати видено