Се чини дека во Египет има две светски чуда, пирамидите во Гиза и Мохамед Салах. Тој ги сруши рекордите за ефикасност на Премиер Лигата, се натпреваруваше со Меси и Роналдо, а веќе стана најдобар играч во Африка и најдобар играч во Премиер Лигата. На домашен терен го сакаат не само поради неверојатната статистика туку и поради чудесниот подем од египетската пустина.

Салах пораснал во Нагриг, село во близина на Александрија. Тој почнал да игра фудбал на 7 години инспириран од магијата на Роналдо, Тоти и Зидан на еден стар телевизор, кој понекогаш фаќал фудбалски натпревари. Нормално во селото немало топка, па така Салах и неговите пријатели правеле топка од чорапи. Ова траело се до неговата 14-та година кога на училишен турнир бил забележан од скаути на каирскиот клуб El Mokawloon SC. Овој клуб му го донел првиот договор на Салах, но тој за секој трениг морал да се вози по четири часа и да менува најмалку 3 автобуски линии, речиси секој ден.

„Неопходно беше да излегувам порано од училиште. Одев на часови во 9 наутро, а потоа стигнуваше ливче на кое пишуваше ‘Мохамед може да ги напушти часовите за да оди на трениг во 14:00’. Така на училиште минував само неколку часа. Околу 3-4 години одев на тренигн 5 пати во неделата. Дома кај семејство се враќав во 22:30 часот.“, вели познатиот фудбалер.

Веќе на 19 години маката на Мохамед се исплатела. Тој го имал своето деби за главниот тим на Египет. Подготвувајќи се за Купот на Африка 2012, тимот одржа серија пријателски натпревари, а еден од ривалите бил Базел. Египќаните го поразиле 4:3, Мохамед постигнал два гола и толку ги израдувал швајцарските шефови што само за неколку дена го одвеле во Европа.

Шест години поминаа, и сега сè е совршено за Салах. Тој е главната ѕвезда на Ливерпул, го научил јазикот и зема 100 илјади фунти неделно. Но, сепак Салах го користи неговиот голем приход да му помогне на Египет и на своето родно село. Еве неколку неверојатни приказни за фудбалерот:

Во ноември 2017 година станот на таткото на Салах бил ограбен. Крадецот подоцна бил најден и таткото на Салах поднел тужба до судот. Но, неговиот син направил нешто неочекувано. Тој го натерал татко му да ја повлече тужбата, се сретнал со крадецот, му дал пари и му помогнал да најде работа.

Египетскиот бизнисмен Мамдух Абас бил толку воодушевен од влегувањето на Светското првенство 2018 што сакал да му даде на Салах луксузна вила. Но, Салах го одбил и му рекол дека ако сака да го усреќи може да донира пари за развој на неговото родно село Нагриг.

Салах е многу загрижен за своето родно село. Тој изградил училиште во селото, фудбалско игралиште и купил опрема за спортската сала. Исто така донирал пари и за болницата. Салах, исто така, им помага на младите двојки да стапат во брак, давајќи им пари за свадба.

На крајот од 2017 година, Салах направи уште две моќни акции. Прввин, египетската фунта била спасена, кога официјални лица признале дека итно им треба девизната поддршка (нејзиниот дефицит е еден од главните економски проблеми на земјата). Салах, беше еден од првите кој одговори на овој повик и ѝ даде на државата 210 илјади британски фунти.

Следно, Мохамед префрлил уште 27 илјади фунти во фондот на Здружението на фудбалски ветерани на Египет. Тој ги поддржува поранешните играчи кои се соочуваат со сериозни финансиски проблеми. Парите на Салах ќе им помогнат на 120 семејства чии месечни примања не надминуваат 400 Египетски фунти (тоа се само 16,65 фунти). Просечната плата во Египет изнесува 2900 во локална валута.

За Салах велат дека успеал да го обедини Истокот. Парите и славата многу често ги менуваат луѓето. Но, се чини дека има барем една личност во светот која не знае ништо за тоа.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено