Родители се шокирале кога нивниот нероден син на снимката од магнетната резонанција изгледал како лут Марсовец од култниот филм „Марс Напаѓа“.
Лаура Томас и нејзиниот партнер Метју Тансли од Манчестер не можеле да престанат да се смејат кога ја забележале чудесната сличност меѓу малку Лукас Тансли во 30-тата недела и еден од вонземјаните во филмот.
На снимката се гледа Лукас, очигледно „лут“ како зјапа во големи испакнати очи и видлив мозок, исто како и инвазивните суштества од филмот. Родителите дури сега можат да уживаат во сликата, затоа што лекарите пронашле вишок течности во мозокот на Лукас. Лаура ја објавила сликата дури откако лекарите потврдиле дека сега 11-месечното момче е целосно здраво.

Мајката на три деца Лаура, имала поголем број на прегледи за време на нејзината бременост поради тоа што била класифицирана како висок ризик за прееклампсија. За време на еден од прегледите лекарите откриле вишок течност во мозокот на Лукас и решиле да направат магнетна резонанција, која резултирала со хумористичната слика.
„За време на снимањето не помислив дека нешто толку сериозно ќе излезе толку смешно. Му реков на консултантот ‘Тоа не е тој нели?’ Тој се насмеа на мојата реакција и ме увери дека се е во ред.“, вели Лаура.
Лаура додава дека нејзиното мало момче е прилично среќно бебе, но дека кога „не е по негово“ може да се налути и таа и нејзиниот сопруг да видат дел од сликата од магнетната резонанција.





