Техничка поддршка: „Здраво, како можам да Ви помогнам?“

Клиент: „Па, по некое двоумење, решив да ја инсталирам ‘Љубовта’. Дали би ме воделе во овој процес?“

Техничка поддршка: „Да, можам да помогнам. Дали сте подготвени да продолжите?“

Клиент: „Па, јас не сум технички способен, но мислам дека сум подготвен. Што прво да направам?“

Техничка поддршка: „Првиот чекор е да го отворите срцето. Дали го отворивте срцето?“

Клиент: „Да, но таму сега се инсталирани некои други програми. Дали е во ред ако ја инсталирам ‘Љубовта’ додека тие работат?“

Техничка поддршка: „Кои програми работат?“

Клиент: „Ајде да видам. Моментално имам ‘Болно минато’, ‘Ниска самодоверба’ и ‘Завист и непријателство’“.

Техничка поддршка: „Нема проблем. Чекор по чекор, ‘Љубовта’ ќе го избрише ‘Болно минато’ од Вашиот оперативен систем.Тоа навистина ќе остане во трајна меморија, но тоа нема да ги наруши другите програми. ‘Љубовта’ уште еднаш ќе ја преработи ‘Ниската самодоверба’ со модул наречен ‘Висока самодоверба’. А пак ‘Завист и непријателство’ мора да бидат отстранети целосно. Овие програми спречуваат ‘Љубовта’ да биде правилно инсталирана. Можете ли да го завршите ова сега?“

Клиент: „Не знам како се прави тоа. Можете ли да ми објасните како функционира?“

Техничка поддршка: „Со задоволство. Одете во менито за старт и активирајте ‘Простете’. Повторете го ова сè додека ‘Завист и непријателство’ не биде целосно избришан.“

Клиент: „Ок, тоа го направив. ‘Љубовта’ почна да се инсталира. Дали е тоа нормално?“

Техничка поддршка: „Да, но имајте на ум дека досега имате само основна верзија. Ќе треба да се поврзете со други срца за да ги добиете преостанатите обновувања!“

Клиент: „Упс! Веќе имам грешка во програмата. Вели, Грешка – програмата не работи на надворешни компоненти. Сега што треба да направам?“

Техничка поддршка: „Не грижете се. Ова значи дека програмата Љубов е конфигурирана да влезе во внатрешното срце, но сеуште не е лансирана во твоето надворешно срце. Во нетехничка смисла, тоа едноставно значи: прво мора да се сакате себеси пред да ги сакате другите.“

Клиент: „Што треба да направам сега?“

Техничка поддршка: „Отворете го директориумот ‘Самопочит’ и означете ги следните датотеки: ‘Сопствени вредности’, ‘Препознај ги своите вредности’ и ‘Препознај ги своите ограничувања’.“

Клиент: „Добро, направено.“

Техничка поддршка: „Сега копирајте ги во директориумот ‘Моето срце’. Системот ќе ги преработи сите датотеки што се во спротивност со ова и ќе исправи некои неточни поставувања. Покрај тоа, мора да ја избришете ‘Бесконечна самокритика’ од сите директориуми и потоа испразнете ја корпата за отпадоци за да може да се отстрани и да не се појави повторно.“

Клиент: „Сфатив. ‘Моето срце’ е исполнето со нови датотеки. ‘Насмевката’ сега се движи по мојот монитор и ‘Мир и доброто расположение’ автоматски се копираат во ‘Моето срце’. Дали е тоа нормално?“

Техничка поддршка: „Понекогаш. Кај други тоа може да трае подолго време, но сè се случува токму кога треба. Значи, Љубовта е инсталирана и си работи. Уште нешто пред да затвориме: ‘Љубовта’ е бесплатен производ. Дајте ги овие модули на сите што ги среќавате! Тие ќе ги споделат со другите и ќе бидат наградени со неколку кул модули.“

Клиент: „Ти благодарам, Господи, за поддршката.“

Сподели на Facebook
пати видено