Голема тарантула била спасена од сигурна смрт откако една храбра жена се сожалила на животното кое испуштало чудни звуци додека очајно се држела за гранка за да ја избегне поплавата. Тарантулата, која се смета за свиреп пајак, била забележана само неколку сантиметри од водата, додека жителите на северен Квинсленд се подготвувале за циклон. Андреа Гофтон сподели видео кое ја прикажува нејзината „релокација“ на пајакот и напишала: „Мојата возбуда на денот…спасување пајак.“

Австралиската тарантула е заштитен вид во Квинсленд. Корисниците на социјалните мрежи веднаш почнале да се шегуваат: „Си требала да го оставиш да се удави, не ни треба таква негативност во светот.“, напишала една жена. Андреа потоа го преместила пајакот на безбедно дрво.

Алан Хендерсон, експерт за пајаци вели дека австралиската тарантула најверојатно била исфрлена од нејзиното дувло поради потопот. Тој исто така рекол дека се работи за возрасен пајак: „Овој пајак може да има повеќе од 10 години. Тие можат да живеат 10 до 15 години и овој примерок е прилично развиен.“

Сподели на Facebook
пати видено