Беко стана главен спонзор на една од најомилените младински кошаркарски школи во Македонија МЗТ Скопје.

„Беко реши да биде постојан поддржувач на МЗТ Скопје на патот кон успехот, верувајќи во паметните генерации и во моќта на спортот да направи разлика. Големата страст на БЕКО за спортот доаѓа од вербата во ревитализациската моќ на спортот да го подобри животот, па затоа БЕКО активно го поддржува спортот во различни гранки, како кошарка и фудбал. Беко помогна во спојувањето на милиони кошаркарски фанови за време на спонзорството на Европското првенство – ФИБА Еуробаскет во 2013 година во Словенија, како и на ФИБА Светското првенство во кошарка кое се одржа во Шпанија во септември 2014 година. Најголемата спортска посветеност се случи во јуни 2014 година, кога Беко потпиша глобален договор за спонзорство со фудбалскиот клуб Барселона, со што двата светски познати брендови – Беко и ФК Барселона- се споија во едно партнерство.” – изјави Фатих Јилмаз претставник на Беко.

KK MZT BEKO Junior 19.11.2014 (90)

„Нептун е долгогодишен партнер на Беко кој локално ја имплементираше глобалната иницијатива на Беко за подршка на спортот преку партнерството со МЗТ Скопје. Се надеваме на успеси и ги покануваме другите компании да ги поддржуваат јуниорските лиги.“ – изјави Јасмина Масри, маркетинг директор на Нептун.

KK MZT BEKO Junior 19.11.2014 (49)

Повеќе од 60 години Беко го движи идејата за постојан предизвик и развој. Овој бренд има повеќе од 440 милиони потрошувачи во светот и е втор по големина бренд за бела техника во Европа. Присутен е во повеќе од 130 земји во светот. Од Велика Британија до Полска, од Ангола до Сингапур, без разлика од каде се неговите успешни приказни, секоја од нив започнува со инспирација за промена на подобро.

Сподели на Facebook
пати видено