Што ако младата активистка Грета Тунберг е патник низ времето и е дојдена за да не предупреди за страшните последици од глобалното затоплување?

Ова звучи како сценариот од научнофантастичен филм, во во ред е да се биде креативен нели? Сепак една фотографија направена пред 120 години предизвика збунети и зачудени изрази на лицето кај многу луѓе.

16-годишната активистка за климатските промени годинава излезе на насловните страници низ целиот свет, осудувајќи ги официјалните претставници на ООН за нивниот недостаток на дејствување на глобалната сцена, а сега патува низ светот на еколошки начини за да ја шири својата кауза.

Но, сега Грета не ги интеренсира екологистите, туку теоретичарите на заговор. Во архивите со фотографии на Универзитетот во Вашингтон, била пронајдена една навидум обична фотографија. На фотографијата се прикажани три деца кои работат во рудник за злато во територијата Јукон во Канада и била направена околу 1898 година. Детето од лево навистина изгледа како Грета, но за жал, тоа е само една од оние необични коинциденции. На пример, како Брус Вилис изгледа точно како генералот Даглас Мекартур.

Сепак луѓето веднаш имаат свои теории почнувајќи од тоа дека Грета е патник низ времето, па се до тоа дека фотографијата е лажна бидејќи сличноста е преголема.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено