Млада мајка раскажува за неверојатниот момент кога се породила во такси. Леви Бредшо, која била во поодмината бременост, била на пат кон болница со својот свршеник Киеран Харисон, кога нејзиниот воденик пукнал нејзиното синче Лук се родило во нејзините хеланки. 21-годишната Леви од Болтон, вели:
„Моите контракции беа толку чести што повикавме такси, и мислев дека сѐ уште имам доста време, но кога налетавме на лежечки полицаец, мојот воденик ненадејно пукна. Неколку мига подоцна, бебето едноставно си излезе, и тоа во моите хеанки. Бев во целосен шок. Му го покажав тоа на Киеран и тој презеде контрола. Беше толку смирен. Ми ги повлече хеланките и виде дека папочната врвца се замотала околу вратот на бебето. Ја олабави врвцата за бебето да може да почне да дише – му го спаси животот. Јас бев толку шокирана, не можев да се мрднам. Ако не беше Киеран, којзнае што сѐ можеше да се случи. Хеланките ми беа свлечени до глуждовите и кутриот таксист не знаеше каде да погледне.“
Но, и покрај невообичаеното раѓање, Лук се роди како здраво дете.