Овој подземен објект е изграден во 1942 година во рибарското село наречено Шевенинген, дом на 135.000 жители. Им било кажано дека подрачјето е забрането и дека мора да заминат, а холандските робови биле принудени да изградат комплексна мрежа на тунели и бункери.

Освен тунели имало и соби за живеење, простории за складирање па дури и сауни. Бункер бил изграден ист така и за Артур Сејс-Инкварт, нацистички владетел на Холандија, кој бил обесен за воени злосторства во Нирнберг. Во овој подземен Нацистички град чиј дел се наоѓал и под Хаг, требало да се сместат 3.300 СС-војници.

Хитлер ја нападнал Холандија на 10 мај 1940 година, а земјата се распаднала во рок од пет дена. Хитлер веднаш наредил изградба на подземен град, затоа што планирал Холандија засекогаш да остане под неговата чизма.

Петстотини недопрени бункери биле откриени во изминатите неколку години, како дел од проектот на Фондацијата во Шевенинген „Атлантскиот ѕид“ за да се зачува историјата.

Жак Хогендорн, еден од волонтерите за обновување на подземниот град вели: „Јас пораснав во 60-тите, кога сите Германци беа чудовишта и сите сојузници беа љубовџии. Сега сакаме да ја раскажеме историската приказна каква што е без да пропуштиме нешто.“

Делови од комплексот, вклучувајќи го и СС командното место, веќе се отворија како музеј. Заменик-градоначалник на Хаг вели: „Нема од што да се срамиме. Градот има голема доверба во работата на фондацијата. Тие ги кажуваат двете страни, дури и кога Холанѓаните згрешиле. Тоа е само искрена приказна.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено