Камените плочи „Водичи“ од Џорџија, САД се гранитен споменик подигнат во 1980 година во округот Елберт. На структурата на осум современи јазици е впишан сет од 10 упатства, а пократка порака е напишана на врвот од структурата на четири антички јазици.

Целта на овие упатства е обнова на цивилизацијата по апокалипсата. Само еден човек знае кој ги создал и тој не сакал да зборува за тоа.

Споменикот е мистерија никој не знае точно кој го нарачал или зошто. Во јуни 1979 година, елегантен господин со седа коса, кој го користел псевдонимот Роберт Кристијан пристапил до компанијата Елбертон Гранит и во име на „мала група лојални Американци“ и ја нарача структурата.

Кристијан објаснил дека камењата ќе функционираат како компас, календар и часовник, и треба да бидат способни да ги издржат катастрофалните настани.

Овие инструкции се напишани на осум јазици: Англиски, шпански, свахили, хинди, хебрејски, арапски, кинески и руски, кои одразуваат чудна идеологија на Њу Ејџ. Некои од нив се нејасно еугенични (водич за мудро размножување – подобрување на фитнесот и разновидноста); други проповедаат хипичен мистицизам.

Нивната намена е да ги поучат засегнатите преживеани од некоја претстојна апокалипса додека се обидуваат да ја реконституираат цивилизацијата. Не секој е задоволен со оваа идеја, затоа споменикот често е вандализиран.

Сепак кои и да се анонимните архитекти тие знаеле што прават: Споменикот е модерна конструкција која беспрекорно го следи сонцето. Исто така успева да создаде бескрајна фасцинација, благодарение на внимателно оркестрирана аура на мистерија.

Висината на споменикот изнесува 5,87 метри и тежи 107,840 килограми. Една плоча стои во центарот, а четири се распоредени околу неа.

Највисокиот камен лежи на врвот на петте плочи, кои се астрономски усогласени. Дополнителна камена плоча е поставена во земјата на кратко растојание кон запад од структурата и дава некои забелешки за историјата и целта на „водичите“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено