Личност по име Мида е овековечена во Јазиликаја, Турција. Многу луѓе сметаат дека познатиот натпис за оваа личност е посветен за кралот познат по „златниот допир“, но божеството поврзано со споменикот на Мида е најчесто познато под друго име.

Јазиликаја е село лоцирано во северозападна турска провинција Ескишехир. Ова село е значајно по неговите археолошки остатоци од фригискиот период, особено натпис кој го споменува „Мида“. Така, овие археолошки остатоци понекогаш се нарекуваат Споменикот Мида или Мида Кенти (кој се преведува како „Градот на Мида“) и се сметал за гробот на легендарниот крал Мида, кој бил кралот на македонската Бромија и ја засадил прочуена градина на рози.

Буквалниот превод на Јазиликаја е „впишан камен“ што е референца за натписот во каменот за Мида. Според археолошките докази, оваа локација била за првпат населена околу 8-ми век п.н.е. од група луѓе познати како Фригијци. Според грчкиот историчар Херодот, Фригијците не биле домородци на Анадолија, туку биле тракиски Бригијци кои се населиле во Анадолија. Тврдењето на Херодот денес е потврдено од историчарите кои утврдиле дека фригискиот јазик е поврзан со оние од јужниот Балкански Полуостров. Мида својата младост ја поминал во подножјето на македонската Каракамен планина.

Според легендата имало една градина со диви рози во подножјето на планината Бермион (Каракамен), која Херодот ја нарекувал „градината на Мида, син на Гордиј, каде розите растат самите од себе, а секоја има шест цветови и неспоредлив мирис.“ Бидејќи Херодот на други места вели дека Фригијците во старо време живееле во Европа каде што биле познати како Бриги, постоењето на градината укажува дека Херодот верувал дека Мида живеел пред миграцијата на Фригијците во Анадолија.

Фригијците го основале својот главен град во Гордијан. Јазиликаја, од друга страна, станал важен религиозен центар. Оваа интерпретација на градот е поддржана од присуството на голем број монументални структури. Најпознати од овие споменици е таканаречениот споменик Мида, кој го добил своето име како резултат на присуството на зборот во натпис лоциран на горната лева страна на фасадата. Мида е најпознатиот владетел на Фригија, поради приказната позната за допирот на Мида. Во овој познат мит, на кралот му била дадена моќ да претвори се што ќе допрел во злато. Тој дури и ќерка си ја претворил во златна статуа.

Всушност, Мида на натписот е презимето на Кибела, фригијска божица која се смета за Мајка на боговите. Освен тоа, она што првично се сметало дека е гробот на легендарниот крал Мида бил всушност е светилиште на оваа божица, која што според одредени легенди се смета и за мајка на кралот Мида. Овој споменик датира од 8-от век п.н.е и е постар од остатокот на локалитетот. Светилиштето има ниша, во која статуата на Кибела може да биде поставена за време на верските церемонии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено