Во мало село во централна Унгарија пристигнала нова бабица по име Јулија Фазекас. Таа тврдела дека е мажена, но никој никогаш не го запознал нејзиниот сопруг. Јулија почнала да извршува нелегални абортуси врз жените кои го барале тоа од неа. Во суштина никој не знаел ништо за минатото на Јулија.

Поради тоа што абортусот бил нелегален во тоа време, Јулија била изведена пред суд 10 пати, но поради недостаток на докази и незаинтеренсираноста на судот таа била ослободувана. Кога почнала Првата светска војна селото Нагурев се испразнило и останале само жените. Првото убиство се случило кога во селото дошла уште една бабица, која Јулија ја видела како нејзина конкуренција. Јулијаа станала љубовница на братот на бабицата, а наскоро жената починала. Синот на почината ја обвинувал Јулија, но немало докази дека таа го сторила тоа.

Јулија потоа си пронашла партнерка, Сузана Олах, со која заедно снабдувале и продавале арсен. Јулија ги убедувала жените дека нивните сопрузи ги малтертираат и искористуваат и дека не заслужуваат да живеат. Таа ги советувала дека тие не смеат да ја трпат нивната тортура и дека е најдобро да ги открујат со арсен. Така помеѓу 1914 и 1929 се верува дека имало над 300 жртви на труење, иако историчарката Бела Бодо вели дека имало околу 50.

Причината поради која бројката е нејасна е фактот дека роднина на Јулија ги потполнувал посмртниците во селото. Така убиствата останале незабележани цели 15 години. Труењето со арсен, може да изгледа како причината за смртта да е природна, бидејќи не остава никакви физички траги кај жртвата и невозможно е да се утврди нешто без аутопсија. Многу постари лица биле убиени поради наследство. Селото било познато по големиот морталитет.

Кога Јулија и уште 50 жени биле убвинети за убиствата во 1929 година, Јулија се самоубила. Властите ги откриле убиствата, откако двајца луѓе кои го преживеале труењето фатиле една жена од групата, Г-ѓа Сазбо и ја однеле во полиција каде што таа за да и се намали казната кажала дека Јулија е одговорна за се.

Исто така студент по медицина случајно сакал да изврши аутопсија на неколку тела и открил траги од арсен. Според Бела Бодо најверојатната причина е тоа што некој испратил писмо до локалниот весник во кое детално биле опишани убиствата и приказната за Јулија.

Првин биле уапсени 34 жени и еден маж. 8 жени добиле смртна казна, а 12 доживотен затвор. Уште не е јасно како еден ваков „масовен криминал“ можел да функционира толку долго. Оваа приказна е многу мистериозна и од неа произлегуваат многу легенди во Унгарија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено