Пештерата е направен од масивни камени блокови кои изгледаат како да се создадени со користење на некој вид на напредни машини пред десетици илјади години. Се одликува со прецизни краеви и мазни, полирани површини, за кои што многу научници сметаат дека се создадени од напредна древна цивилизација. Исто така се зборува дека во пештерата имало метална библиотека. За некои од металните плочи пронајдени во пештерата се вели дека биле изложени во музејот „Отецот Креспи“, во Еквадор.

Пештерата е откриена во 1860 година и го добила името по птицата Тајос. Таа е една од најголемите мистерии во светот, кои би можеле да го изменат патот на човештвото. Самиот Нил Армстронг бил дел од голема експедиција која во 1976 година го истражувал Еквадор и оваа пештера.

Пештерата се наоѓа во густа висока џунгла, на 2 километри јужно од реката Сантијаго, на надморска височина од 539 метри. Не е воопшто лесно да се влезе во пештерата. За да пристапите во мистериозните одаи на пештерата ќе треба да се спуштите со јаже 87 метри до првото ниво и потоа уште 25 метри до влезот на тунелите.

Легендата за Тајос

Најдобриот доказ за металната библиотека потекнува од времето на италијанецот Селисиан Карлос Креспи, кој ја истражувал оваа област во 1940 година и добил од индијанците Шуар неколку предмети, за кои тврделе дека се земени од пештерата. Различни предмети му биле дадени на Креспи, како знак на благодарност од заедницата и тие се чувале во неговиот музеј.

Од овие предмети останале само неколку слики, поради тоа што многу од нив биле продадени а некои и украдени по пожарот во музејот во 1962 година. Чудно но по пожарот во музејот не останало ништо, вклучувајќи и керамички работи кои би го издржале пожарот. По смрта на Креспи во 1982 година никој не знае што се случило со металните плочи.

Во 1973 година, Ерих фон Данкен пишува за мистериозна структура каде што книгите се направени од метал и дека регионот околу пештерата и пештерата се доказ за исклучително напредна ако не и вонземска цивилизација. Во 1976 година имало голема и многу скапа експедиција во оваа пештера.

Чудно е тоа што бил повикан и Нил Армстронг да биде дел од оваа експедиција. Тие тврделе дека не пронашле ништо во пештерата, освен остатоци од Неолитот, но биле изнесени четири големи кутии, чија што содржина не била откриена на јавноста.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено