Танцувачката манија(или чума) била општествен феномен кој сè уште не е расветлен. Манијата се појавила во текот на историјата на средниот век. Симптомите варирале, но имало одредени кои биле „постојани“. Луѓето се движеле во групи, правеле движења слични на танцување, нивните тела се свивале, а тие изгледале како да се во транс. Понекогаш танцувачката манија траела со денови, недели а во некои случаи и со месеци. Ова не било шега, бидејќи луѓето што биле „заразени“ од оваа необична опсесија често умирале од исцрпеност или глад.

Во 1237 година, во Ерфурт, Германија, група деца покажале знаци на танцувачката манија, додека тие патувале 20 километри до блискиот град Арнштат, танцувајќи и скокајќи низ нивното патување. Откако стигнале до нивната дестинација, тие паднале на земја, како резултат на исцрпеност. Подоцна поголем број од децата починале, а останатите биле со нарушено ментално здравје.

Најверојатно оваа или слична случка била инспирација да се појави легендата за „Флејтистот од Хамелин“ (Rattenfänger von Hameln) народна приказна за момче со флејта која имала натприродна моќ, кое ги води децата во смрт како чин на одмазда против жителите кои одбиле да му платат за своите услуги за искоренување на стаорците во време на чума.

Некои лекари тврделе дека танцувачката манија е последица од бубонската чума(Црна смрт), која го достигнала својот врв во Европа во средината на 14 век. Црквата пак имала свое објаснување. Тие сметале дека луѓето кои танцуваат се опседнати од ѓаволот или пак проколнати од Свети Јован.

Една од најголемите епидемии на мистериозната танцувачка „болест“ се случила во Ахен, Германија, во 1374 година. Неколку илјади илјади луѓе танцувале додека можеле, со недели. Од Ахен, манијата била пријавена дека се проширила во Утрехт во Холандија и Лиеж во Белгија. Во тоа време, во извештај од Мец во Франција се тврди дека 11.000 луѓе подлегнале на танцувачката манија. Богатиот трговски град се претвори во бизарно собирање на лудите. Бројот на починатите се зголемувал бидејќи „танчерите“ паѓале како муви по некое време од непрекинато скокање и танцување.

За да ги ублажат нивните страдања, се пуштала музика, а за да ги задржат надвор од улиците, големи сали биле прилагодени да одговараат на голем број луѓе. Тогаш, „болните“ биле сместувани во овие структури, заедно со музичарите и целиот „спектакл“ наликувал на модерен музички концерт. По избувнувањето во Ахен, следниот документиран случај во кој била вклучена голема група на луѓе се случила во Стразбур, Франција, во 1518 година. Наводно, една жена го започнала танцот и за еден месец, повеќе од 400 луѓе биле „опседнати“.

Сè уште не се знае дали тоа била вистинска болест или социјален феномен. Една од најпознатите теории е тоа дека жртвите страдале од труење од мораво рокче, што во Средниот век било познато под името Огнот на Свети Антонио. Ерготизмот (труењето од мораво рокче) може да предизвика халуцинации, но не може да се смета како причина за другите чудни однесувања што најчесто се поврзуваат со танцувачката манија.

Според други теории, симптомите биле слични на оние на енцефалитис, епилепсија и тифус, но како и ерготизмот, тие болести не можат да ги објаснат сите симптоми. Други извори зборуваат за тоа дека танцувачката манија и тарантизмот биле резултат на стресот и напнатоста од природните појави во тоа време, како чумите и поплавите. Хедерингтон и Манро ја опишуваат танцувачката манија како резултат на „заеднички стрес“. Можно е луѓето да танцувале со цел да се ослободат од стресот и да заборават на сиромаштијата во тоа време, и со тоа, се обидувале да достигнат екстатична состојба и да добијат визии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено