Минатата ноќ, повеќе од 100.000 патници останале заглавени пред железнича станица во Кина поради одложување на возниот ред како последица на обилните снежни врнежи. Патниците се подготвувале да се вратат во своите домови за претстојните прослави на кинеската Нова Година, но биле оставени да чекаат пред железничката станица во Гуангжу на смрзнувачки температури. Во текот на денот се насобрала огромна маса на луѓе кои го чекале својот превоз, а некои чекале и до десет часа пред да го фатат својот превоз кон дома. Само минатата ноќ биле одложени најмалку 32 возови.

Сликите од големиот метеж и долгите редици кружат по кинеските медиуми, прикажувајќи море од луѓе кои стрпливо го чекаат својот ред надвор, за да влезат во станицата и потоа да фатат воз. Иако некои изгледаат смирено, повеќето изгледаат вознемирени, под стрес и уморни по чекањето толку долго време, фрустрирани што нивните возови биле одложени. Додека некои останале заглавени, вкупно 174.000 патници биле успешно транспортирани од железничката станица Гуангжу, како и 146.000 патници од Источната железничка станица на Гуангжу.

За време на фестивалскиот период, од 24. јануари до 3. март, се очекува остварување на 2.91 милијарди патувања, при што милиони работници мигранти се враќаат дома кај своите семејства, за потоа да се вратат во големите градови да работат. За безбедносни потреби, локалната полиција издвоила уште 1300 души персонал, бидејќи 2600 полицајци на должност не биле доволно за да се справат со огромната маса народ.

kn01 kn02 kn03 kn04 kn05 kn06 kn07 kn08 kn09

Сподели на Facebook
пати видено